Бистра Георгиева е социолог, го завршува престижниот Европски филмски колеџ во Данска и на Институт за социолошки и политичко-правни истражувања магистрира комуникација.
Таа има долгогодишно менаџерско и креативно искуство во доменот на културата, филмот, пишувањето, организирање фестивали и јавни настани. Нејзината експертиза е во доменот на комуникациски и културни политики. Георгиева има значително искуство во граѓанскиот сектор и во медиумите, работејќи на големи проекти за антидискриминација, мултимедијални платформи за деца итн.
Работела повеќе од шест години за најпознатата македонска детска ТВ емисија и едукативна платформа „Пет плус“ како проект менаџер, развој на содржини, супервизор и сценарист.
Георгиева беше и главен уредник во популарната сатирична емисија „Фчерашни новости“, а од 2018 до 2020 година беше раководител на МЕДИА Деск МК, претставувајќи ја програмата „Креативна Европа МЕДИА“ во Северна Македонија.
Во текот на својата кариера Георгиева работи и како асистент во режија на голем број филмски серии и реклами, а ја иницираше програмата „Кино Будење“ со цел да го подигне нивото на културна партиципација и да ја поддржи промоцијата на високо-квалитетните филмови.
Бистра е пистаел за деца што и донесе огромен успех ширум светот. Нејзината сликовница „The Giant imagination store“ – соработка со реномираната шпанска илустраторка Моника Каретеро, беше објавена на шпански и каталонски јазик во Шпанија, Латинска Америка и САД. Автор е на десет едукативни сликовници од брендот „Стела и Сани“ и на првата сликовница во Македонија пишувана заедно со 34 деца како ко-автори „Хотелот Попитоп“.
Има добиено повеќе награди кои ги доделува македонската асоцијација на издавачи:
Прво место за најдобра книга за деца и млади за сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“ -2019
Трето место за најдобра книга за деца за „Мистериозниот остров“ 2022
Прво место за најдобра книга за деца и трето место за најкреативно издание за
„Седумте Некоиси и седумте македонски композитори“ 2023
Од 2023-та година станува член на советот на Европскиот филмски колеџ во Данска.