Повик за апликации за учество на Академијата за јавни политики
За Академијата за јавни политики
Академијата за јавни политики (АЈП) е наменета за претставници на подмладокот на политичките партии во Северна Македонија со цел да ги едуцира и развие идните политички и општествени лидери, опремени со општи и специфични вредности и знаења за политичките процеси во земјата.
Целта на АЈП е да ги поттикне и едуцира членовите на партиските подмладоци да придонесат за подобро изразување на нивните идеи и концепти за подобро општество и плурален демократски јавен простор. Академијата исто така има за цел да ги подучи и подготви учесниците за изборите и за целиот изборен процес. Учесниците ќе научат како се креираат јавните политики, на каков начин влијаат, и како да се применува пристап заснован на докази во креирањето на јавните политики.
Академијата ги содржи следните компоненти:
Четири сеопфатни тридневни работилници;
Менторство и обука за подготовка на краток документ за јавни политики;
Ангажман во локалните заедници и/или со засегнатите страни за релевантни прашања преку тематски дебати и дискусии;
Студиска посета во регионот или во земја од Европската Унија (предуслов за учество на последната студиска посета во странство е завршување на сите активности на Академијата, вклучително и работилниците).
Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат апликацијата на следниот линк најдоцна до 5 септември 2022 година.
Повеќе информации за академијата и критериумите за учество ќе најдете овде.
Повик за пријавување за учество на Akademinë e Politikave Publike
Повик за аплицирање – Академија за јавни политики