Академија за пратеници „Мајсторијата на искажаниот збор“ (Модул III)

Третиот модул од Академијата за пратеници, одржан во април 2025 година во Охрид, беше посветен на ефикасната комуникација на пратениците со граѓаните, особено во политички поделеното општество. Целта на овој модул беше да се помогне на пратениците да ги претстават своите ставови на јасен и ефективен начин.

Модулот започна со Ана Павловска-Данева, судијка на Уставниот суд и поранешна пратеничка, која ги сподели своите искуства од правниот аспект на политичката комуникација, нагласувајќи ја важноста на правната етика и односите помеѓу Уставниот суд и парламентот.

Сесијата „Моето најтешко интервју…“, модерирана од новинарот Назим Рашиди, понуди простор за отворени и искрени сведочења од поранешните пратеници Илија Димовски и Јани Макрадули, кои ги споделија своите искуства со најтешките медиумски интервјуа.

Во продолжение, Светлана Сиљјаноска и Марија Липтова ги подготвуваа пратениците за зборување пред јавноста, создавање политички пораки, промоција преку социјалните мрежи и разјаснување на важноста на алгоритмите во политичкото комуницирање.

Дел од програмата беше и Ургентната сесија: „Што после Кочани?“, со Владимир Туфегџиќ, адвокат и поранешен судија.

Кон крајот на вториот ден, пратениците имаа можност да слушаат музика и да разговораат за тоа каде политиката и уметноста „се среќаават“ со Емилија Ристановска, музиколог и Ненад Марковиќ, универзитетски професор, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Правен факултет.

Последната сесија беше посветена на соработката помеѓу граѓанските организации и парламентот, со Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации и Гонце Јаковлевска од МЦМС.

Академијата за пратеници, дел од проектот „Доба на подобри политичари“, продолжува со менторската програма за пратениците, која нуди индивидуална поддршка.

Споделете ја оваа објава:

Неодамнешни објави