Академија за јавни политики (повик)

Повик за апликации за учество на Академијата за јавни политики

За Академијата за јавни политики

Академијата за јавни политики (АЈП) е наменета за претставници на подмладоците на политичките партии во Северна Македонија со цел да ги едуцира и развие идните политички и општествени лидери, опремени со општи и специфични вредности и знаења за политичките процеси во земјата.

Целта на Академијата за јавни политики е да ги поттикне и едуцира членовите на партиските подмладоци да придонесат за подобро изразување на нивните идеи и концепти за подобро општество и плурален демократски јавен простор. Академијата исто така има за цел да ги подучи и подготви учесниците за изборите и за целиот изборен процес. Учесниците ќе научат како се креираат јавните политики, на каков начин влијаат, и како да се применува пристап заснован на докази во креирањето на јавните политики.

Академијата ги содржи следните компоненти:

Четири сеопфатни тридневни работилници;
Менторство и обука за подготовка на краток документ за јавни политики;
Ангажман во локалните заедници и/или со засегнатите страни за релевантни прашања преку тематски дебати и дискусии;
Студиска посета во регионот или во земја од Европската Унија (предуслов за учество на последната студиска посета во странство е завршување на сите активности на Академијата, вклучително и работилниците).
Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат апликацијата на следниот линк најдоцна до 5 септември 2022 година.

Повеќе информации за академијата и критериумите за учество ќе најдете овде.

Повик за пријавување за учество на Akademinë e Politikave Publike

Повик за аплицирање – Академија за јавни политики

Споделете ја оваа објава:

Неодамнешни објави

Новости

Академија за пратеници „Мајсторијата на искажаниот збор“ (Модул III)

Третиот модул од Академијата за пратеници, одржан во април 2025 година во Охрид, беше посветен на ефикасната комуникација на пратениците со граѓаните, особено во политички

Прочитај повеќе