Презентирано второто истражување на Индексот на транспарентност на политичките партии

Помалите политички партии покажуваат поголема флексибилност и отвореност за подобрување на нивната работа, додека поголемите партии имаат тенденција да ги усвојуваат промените постепено. Охрабрувачки, постои растечко признавање меѓу партиите за потребата да се зголеми учеството на жените во политичките процеси, иако процесот кон целосна еднаквост останува долг.

📊Овие сознанија се дел од наодите од второто истражување на Индексот на транспарентност на политичките партии (ППТИ). Подготвен како годишна алатка, ППТИ служи за мониторирање на напредокот и како патоказ за политичките партии да ги идентификуваат областите за подобрување

🔗Сумарната анализа на второто истражување можете да ја преземете овде: https://rb.gy/wluo1v.

Оваа активност е дел од проектот „Практикувај демократија“, имплементиран од Фондацијата за демократија на Вестминстер во соработка со Форум за разумни политики/Forum for reasonable policies и финансиски подржан од Британската амбасада во Скопје.

Извор: WFD Western Balkans

Споделете ја оваа објава:

Неодамнешни објави

Новости

Академија за пратеници „Мајсторијата на искажаниот збор“ (Модул III)

Третиот модул од Академијата за пратеници, одржан во април 2025 година во Охрид, беше посветен на ефикасната комуникација на пратениците со граѓаните, особено во политички

Прочитај повеќе