Општество и политички систем засновани на демократски принципи и вредности кои постојано и упорно создаваат основи за заеднички живот. Ова се накратко нашите принципи во тнр. општествено-политичкиот корпус на живеење. Демократската рудиментираност на македонското општество, бавното учење демократија и непартиципативната политичка култура се примарен фокус на Форум за разумни политики. Од посебен интерес на нашата организација е функционалноста на парламентот како најважен локус на политичкото живеење и создавање основи за виреење на парламентарната демократија во полн сјај. За нас, моделот на британскиот парламент е меѓа кон која сакаме да се стреми и македонската парламентарна демократија. Затоа, ќе развиваме политики и проекти кои специфично ќе се бават со парламентаризмот како стожерен демократски принцип. Форум за разумни политики верува дека демократијата и парламентаризмот се динамични процеси кои мораат да поминат низ повеќегодишни етапи на учење и надградување на домашните позитивните искуства и внимателна и здраворазумска апликација на најдобрите европски и англосаксонски искуства (trial & errors).
Политичките партии се неизбежни агенси на демократијата. За жал, македонскато 25-годишно искуство со партискиот плурализам покажува сериозни знаци на неразбирање на партизмот како основа на градење идеолошки позиции кои потоа, на демократски и не-авторитарен начин се проектираат на државно ниво. Македонските политички партии покажуваат тенденции на авторитарност, високо ниво на клиентелизам, ниско ниво на внатрепартиска демократија и речиси никаков идеолошки фундамент. Идеолошката какофонија според нас е одраз на немањето претпоставки за либерална основа на политичките партии и во општеството, основа врз која потоа би се развивале идеолошките специфики на секоја партија одделно. Форум за разумни политики е на стојалиште дека без темелна и сеопфатна реформа на политичките партии, македонското општество нема да може да се развива во стабилна и одржлива парламентарна демократија. Затоа, ќе работиме на постепена но темелна реформа на политичките партии, се залагаме за изборен модел кој би можел да го релативизира двојниот партиски дуопол (две носечки етнички македонски партии + две носечки етнички албански партии) и да ја намали неопходноста за пред-изборни коалиции кои де факто ја намалуваат резистентноста на демократските процеси во државата. Одржувањето на “виталниот центар“, како либерално-демократски предуслов на секој демократски процес, е појдовната основа врз која ќе градиме општествени позиции и проектни активности.
Јавната администрација, нејзината партизација и преоптовареност, е особено важен фактор кој го обременува целокупното општество, создава клиентелистички спреги и го оневозможува долгорочниот развој на државата. Во Форум за разумни политики работиме на декомпозиција на спрегата политички партии- јавна администрација, како нужен предуслов за економски, политички и социјален развој на државата. Реформата на јавната администрација почнува од промената на свеста во општеството и особено промената во делувањето на политичките партии. Но, оваа реформа е успешна само доколку постои широк општествен и особено партиско-политички консензус по ова прашање.
Меѓуетничките односи во кревко мултиетничко општество постојано создаваат фрикции и латентни стравови плодни за политичка манипулација. Република Македонија нема друг избор освен постојано да ги унапредува аспектите на мултиетничко живеење, во политичка, економска и социјална смисла. Во тој поглед, Форум за разумни политики постојано укажува, предупредува и нуди креативни, одржливи и здраворазумски решенија во однос на отворените етнички прашања, со интенција “тешките теми“ да бидат дискутирани а не оставани за “подобри времиња“. Базичниот наш став во тој поглед гласи: односите помеѓу етничките заедници во државата не треба да се гледаат низ призмата на “давање или одземање на одредени права“ туку низ реална дебата базирана на здравиот разум која е одраз на конкретните потреби и можности во одредена политичка конјуктура.
Конечно, популизмот од сите видови и идеолошки провиниенции е еден од најголемите кочничари на одржливиот политички и демократски развој. Тој создава “маѓепсан круг“ на политичко делување и меѓусебно “хранење“ на политичките елити кој не може ништо добро да и’ донесе на заедницата. Форум за разумни политики постојано го постулира здравиот разум наспроти краткотрајните палијативни дози на популизам и на аналитички начин постојано ќе се обидуваме да ги деконстурираме популистичките митови кои доаѓаат од сите страни на политичкиот спектар.
Гордан Георгиев е ко-основач и претседател на Форумот за разумни политики . Во граѓанскиот сектор е активен веќе 20 години. Георгиев беше извршен директор на Форум-ЦСРД, еден од водечките тинк-тенкови во Македонија, и директор на Македонската школа за политика, под покровителство на Советот на Европа и дел од регионалната мрежа на училишта за политика која опфаќа 15 земји од Балканот. , Русија и ЗНД.
Тој исто така беше ангажиран во проекти во Centre d’Etudes de Relations Internationales (CERI) во Париз и во мисијата на проектите на фондацијата Чарлс Леополд Мајер во Конго-Бразавил и Конго-Киншаса. Тој е експерт за Вестминстер Фондацијата за демократија (WFD) и работи како експерт и независен консултант за Швајцарската развојна соработка (SDC) и други меѓународни тела.
Неговата експертиза вклучува истражувачки и теренски проекти за демократска стабилизација, помирување, меѓуетнички односи, реформи и консолидација на политичките партии, регионална политичка соработка, меѓународни односи и регионални безбедносни прашања, реформа на парламентарните практики, децентрализација и реформа на локалната самоуправа. влада.
Георгиев од 2009 до 2013 година беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија (СДСМ), претседавајќи со Комисијата за култура.
Дипломирал и магистрирал на Институтот за политики во Париз, Франција, по политички науки и меѓународни односи, а магистрирал по европски студии на Кралскиот колеџ во Лондон. Во 2009 година ја заврши програмата за извршно образование на Харвард. Георгиев докторирал на политички науки во 2016 година, а се занимава со теории на општествениот систем и структури на моќ.
Покрај неговите придонеси во многу регионални и меѓународни списанија, Георгиев е автор соработник во „Проблеми на претставничката демократија во Европа“ ед. од Јан Мариус Виерсма (2014, Вангеннеп Амстердам) и во „Преобликување на имиџот на политичките партии во ЈИЕ“ ед. од Георги Карасимеонов (2007).
Наум Наумовски – Борче, 50 / 3 – 12
1000 Скопје, Македонија
frp@frp.mk
+389(0)70388928
Изграден со грижа од heyWebTeam