Академија за пратеници-„Тајните на собраниските ходници“ (Mодул I)

Првиот модул на Академијата за пратеници од прв мандат и пратеници кои сакаат да ја подобрат својата активност во Парламентот се одржа во ноември, 2024-та година во Тетово.

🔹 Еве низ кои сесии поминаа пратениците во три дена:
„Власта и народот во плетенка“ – Длабинска анализа на поделбата на власта, идеолошкиот спектар и улогата на парламентот во македонската парламентарна демократија. (Предавачи: Ненад Марковиќ, Гордан Георгиев)
„Тајните на собраниските ходници (прв дел) – правна и политичка димензија“ – Законодавната постапка, номотехника и механизмите на контрола. (Предавач: Фадил Зендели)
„Исповеди: Ех, да знаев порано!“ – Поранешните пратенички Ѓулистана Марковска и Ивана Туфегџиќ најискрено споделија лични искуства и предизвици во нивниот мандат.
„Тајните на собраниските ходници (втор дел) – Како се читаат законите?“ – Читање и толкување на закони, собраниски служби и процедурите во парламентот. (Предавачи: Цветанка Иванова, Илија Димовски)
„Emergency session: крчкање на буџетот“ – Како се планира и распределува буџетот во парламентот, транспарентност и јавни финансии. (Предавач: Фатмир Бесими)

Дел од екстра-курикулумот беа сесиите: Будилник: Дали сте добар слушател? (кратки вежби за концентрација, фокус и внимание со актерката Изабела Јакимова) и вечерната Був сесија: бар квиз.

Академијата за пратеници е дел од проектот „Доба на подобри политичари“

VIK_9379

Споделете ја оваа објава:

Неодамнешни објави

Новости

Академија за пратеници „Мајсторијата на искажаниот збор“ (Модул III)

Третиот модул од Академијата за пратеници, одржан во април 2025 година во Охрид, беше посветен на ефикасната комуникација на пратениците со граѓаните, особено во политички

Прочитај повеќе