„Густа плетка: вмрежување 2.0“

На 8 октомври 2025 година, во Europe House – Скопје, се одржа средбата „Густа плетка: вмрежување 2.0“, организирана од Форум за разумни политики во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас. На средбата беше презентиран акцискиот план, кој ги обедини клучните коментари, забелешки и предлози што во изминатиот период беа споделени во директни средби со претставници на Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Агенцијата за квалитет во високото образование, Агенцијата за вработување, како и со претставници на академската заедница, граѓанските организации, истражувачките центри и експертите од областа. Во претходните разговори тие ја нагласуваа потребата од почести средби, подобра координација и директна комуникација во процесот на реформи. Средбата овозможи отворен разговор за тоа што може реално да се подобри во системот на високото образование, но и создаде чувство на заедничка одговорност и подготвеност различните гледишта и надлежности да се усогласат, како неопходен чекор кон подобри промени.

Споделете ја оваа објава:

Неодамнешни објави

Photo by Marvin Meyer on Unsplash
Новости

Отворен повик за апликации на Академија за јавни политики– петта генерација

Отворен е повикот за аплицирање на Академијата за јавни политики- петта генерација. Повеќе информации за академијата и критериумите за учество ќе најдете на овој линк Është

Прочитај повеќе
Новости

Објавен извештајот на Индексот за транспарентност на политичките партии за 2025

Изборните циклуси резултираат со забавување на внатрепартиските реформи – ова е главниот наод од Индексот за транспарентност на политичките партии (ИТПП) за 2025 година во

Прочитај повеќе