Спуштање на температурата!
Сè што отсекогаш сте сакале да знаете за парламентот (Но, сте се плашеле да прашате)

На 28 и 29 септември 2024 година на Попова Кула, дванаесет пратеници во нивниот прв мандат учестуваа на интензивен дводневен настан на кои се рагзговараше тајните на парламентарната дебата, уметноста на компромисот и конкретно придобивките од компромисот, како да се справат со своите високи врсници од другите парламентарни групи, а особено од сопствената политичка трева и „анализата на моќта“ во парламентот.

Првиот ден започна со клучната сесија на профсорите и поранешни пратеници Александар Спасеновски и Гордан Георгиев кои ги водеа пратениците низ Тајните на парламентарните коридори, парламентарната координација, структурата на моќ и институционалните улоги.

Потоа следуваше сесијата Ѓаволот е во деталите: разбирање на законодавната процедура со поранешните пратеници Изет Зеќири, поранешниот министер Васко Наумовски и поранешниот пратеник Игор Ивановски, и на пратениците им понудија длабински поглед на законодавните нијанси. Денот беше затворен со неформална дискусија Сè што сакав да знам порано, чиј домаќин беше авторот и основач на P World, Коста Петров.

Вториот ден започнавме со Сурово будење: медиумите и пратеници сесија со новинарите Семра Мусаи (ТВ Алсат), Боби Христов (ТВ Телма) и Душица Мрѓа (ТВ 24). Тие зборуваа како се градат конструктивни односи со медиумите. На крајот нашата уникатна активност In the box, која им даде на пратениците ретка шанса за еден-на-еден разговор со новинарите на теми и прашања кои никогаш јавно не би ги поставиле.

Споделете ја оваа објава:

Неодамнешни објави

Photo by Marvin Meyer on Unsplash
Новости

Отворен повик за апликации на Академија за јавни политики– петта генерација

Отворен е повикот за аплицирање на Академијата за јавни политики- петта генерација. Повеќе информации за академијата и критериумите за учество ќе најдете на овој линк Është

Прочитај повеќе
Новости

Објавен извештајот на Индексот за транспарентност на политичките партии за 2025

Изборните циклуси резултираат со забавување на внатрепартиските реформи – ова е главниот наод од Индексот за транспарентност на политичките партии (ИТПП) за 2025 година во

Прочитај повеќе