Презентиран Индексот на политички интегритет

На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации.

Во своето воведно обраќање, Гордан Георгиев од Форум за разумни политики истакна дека ИПИ е создаден во контекст на длабоко намалена доверба на граѓаните во институциите и политичките актери. „Она што сите го чувствуваме, сега е потврдено со податоци: јавниот дискурс сè почесто е обременет со нетранспарентност, негативна реторика и недоволна отчетност. Индексот не е алатка за казнување, туку механизам за поттикнување доблест, учење и партнерство,“ нагласи Георгиев.

Наодите од теренското истражување на јавното мислење ги презентираа Светлана Сиљјаноска, консултантка за стратешки комуникации, и Елена Огненовска од Тим Институт. Резултатите покажаа јасен став на граѓаните: политичката релевантност мора да се мери и преку интегритет, не само преку политичка моќ. Истражувањето фрли светлина на потребата од повисока отчетност, етичко однесување и институционални практики што градат доверба кај граѓаните. 

Во вториот дел од настанот беше претставена методологијата на Индексот за политички интегритет. Георгиев и Сиљјаноска објаснија дека ИПИ поставува неколку клучни цели:

  • нормализација на интегритетот како мерило за политичка релевантност,
  • јакнење на видливоста и признанието за етичко и чесно однесување,
  • отворање можности за корекција и унапредување на институционалните практики,
  • поттикнување дијалог заснован на вредности.

ИПИ е замислен како општествен ресурс, а неговата сила и кредибилитет зависат од учеството на сите засегнати страни – институциите, независните тела, академската заедница, медиумите и граѓанскиот сектор. На настанот беше истакнато дека Форум за разумни политики веќе упати писмо на намера до засегнатите чинители за воспоставување партнерство во заедничка имплементација и институционализација на ИПИ.

Со оваа презентација започнува поширок општествен процес за градење нов јавен стандард, во кој политичкиот интегритет не е исклучок туку норма.

Споделете ја оваа објава:

Неодамнешни објави

Photo by Marvin Meyer on Unsplash
Новости

Отворен повик за апликации на Академија за јавни политики– петта генерација

Отворен е повикот за аплицирање на Академијата за јавни политики- петта генерација. Повеќе информации за академијата и критериумите за учество ќе најдете на овој линк Është

Прочитај повеќе
Новости

Објавен извештајот на Индексот за транспарентност на политичките партии за 2025

Изборните циклуси резултираат со забавување на внатрепартиските реформи – ова е главниот наод од Индексот за транспарентност на политичките партии (ИТПП) за 2025 година во

Прочитај повеќе