Ќе создаваме основа за одржлив развој во меѓуетничките односи, културата и воопшто во општественото живеење.
Ќе работиме на промоција на општество кое во коренот на своето дејстување го има здравиот разум, како најквалитетна основа за градење на заедништво.
Ќе создаваме платформа за афирмација на вистински политики и принципи, без разлика дали тие (во моментот на нивното соопштување и артикулирање) се популарни.
Ќе се спротивставиме на компромиси и лажни консензуси кои нудат палијативни решенија, но кои во суштина долгорочно го продлабочуваат јазот во општеството и го загрозуваат просперитетот;
Ќе создадеме платформа за афирмација на реални, опипливи, здраворазумски политики и принципи, без разлика дали се популарни и „трендовски“ во моментот на нивното изговарање.
Ќе поддржиме личности, групации и политики кои ги одразуваат и се вклопуваат во нашите приципи;
Постојано ќе работиме на развивање на партиципативната политичката култура во општеството, како темелна вредност која создава услови за изнаоѓање на правилни политики и градење заедништво околу нив;
Ќе бараме инклузивност онаму кадешто е потребно, но не по секоја цена и не по цена на нарушување на посебностите во општественото живеење;
Ќе го предизвикуваме и критички ќе ги преиспитуваме позициите на секој политичко-општествен естаблишмент, особено оние недемократските или проблематично демократските, екстремно националистичките, популистичките, радикално левите или радикално десните, реакционерните, клерикалните, економските фундаметналисти итн.
Ќе се залагаме за суштински промени (а не само за “реформи заради реформи“) онаму кадешто се тие потребни и приоритетни. Според нас, не сите „реформи“ овозможуваат позитивни промени, освен ако не се темелно проценети и длабоко промислени.
Ќе промовираме регионален пристап во областите кои може да донесат кумулативен прогрес за сите држави од регионот. Познавањето и препознавањето на регионалните теми ќе биде еден од приоритетите на нашето делување.