updraftplus
domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init
action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/ckkfdrsh/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114Современите културни политики веќе не се алатки и „оружје“ на високата елита.
Денес, тенденциите се отидени многу подалеку на полето на граѓанското учество и развојот на локалната културна политика. Во оваа смисла, односот меѓу граѓанското општество, законодавната и извршната власт стана суштинска врска која овозможува поголемо учество за секоја добро обмислена и разработена иницијатива во културата.
Акцентот е ставен на изнаоѓање канали за комуникација меѓу овие три сектори, особено во спроведувањето на граѓанските иницијативи.
Моделот на културна политика што се практикува во Македонија е длабоко зависен од различни фактори: нестабилноста на политичкиот систем доминиран од нерешени економски односи, неправилно функционирање на „културниот пазар“, како и генерален страв и неизвесност во однос на перспективата на земјата. Овие општествено-политички предуслови ја одредуваат и културната политика, односно нејзиното недефинирано постоење. Ова, пак, генерира публика која не е доволно вклучена и заинтересирана за уметност, како и за уметнички дела кои не се соодветно ценети.
Во такви услови, клучна задача на луѓето кои работат во културата е да понудат вредни и висококвалитетни стратегии, решенија и практики кои би го зголемиле и зајакнале културната партиципација.
Форум за разумни политики се води од мотото дека културните потреби треба да се развиваат уште од најрана возраст. Водени од принципот дека развојот на креативноста ќе ја зголеми човечката среќа и ќе го подобри начинот на живот, нашите идеи имаат цел да создадат услови за подобрување на слободното време на поединците во нивната средина, активно учество во културното живеење и можности за интервенција во него. .
Тргнувајќи од еден од концептите на културата развиен од Р. Вилијамс, дека таа е „тело на интелектуална и имагинативна работа, во која, на детален начин, човечката мисла и искуство се различно запишани.“, нашите цели и акции ќе се фокусираат на:
Сето ова е дел од нашата визија за создавање и регрутирање независни и разумни поединци кои одговорно ќе учествуваат во општествениот живот и ќе придонесат за заедниците во кои живеат.
Бистра Георгиева е социолог, го завршува престижниот Европски филмски колеџ во Данска и на Институт за социолошки и политичко-правни истражувања магистрира комуникација.
Таа има долгогодишно менаџерско и креативно искуство во доменот на културата, филмот, пишувањето, организирање фестивали и јавни настани. Нејзината експертиза е во доменот на комуникациски и културни политики. Георгиева има значително искуство во граѓанскиот сектор и во медиумите, работејќи на големи проекти за антидискриминација, мултимедијални платформи за деца итн.
Работела повеќе од шест години за најпознатата македонска детска ТВ емисија и едукативна платформа „Пет плус“ како проект менаџер, развој на содржини, супервизор и сценарист.
Георгиева беше и главен уредник во популарната сатирична емисија „Фчерашни новости“, а од 2018 до 2020 година беше раководител на МЕДИА Деск МК, претставувајќи ја програмата „Креативна Европа МЕДИА“ во Северна Македонија.
Во текот на својата кариера Георгиева работи и како асистент во режија на голем број филмски серии и реклами, а ја иницираше програмата „Кино Будење“ со цел да го подигне нивото на културна партиципација и да ја поддржи промоцијата на високо-квалитетните филмови.
Бистра е пистаел за деца што и донесе огромен успех ширум светот. Нејзината сликовница „The Giant imagination store“ – соработка со реномираната шпанска илустраторка Моника Каретеро, беше објавена на шпански и каталонски јазик во Шпанија, Латинска Америка и САД. Автор е на десет едукативни сликовници од брендот „Стела и Сани“ и на првата сликовница во Македонија пишувана заедно со 34 деца како ко-автори „Хотелот Попитоп“.
Има добиено повеќе награди кои ги доделува македонската асоцијација на издавачи:
Прво место за најдобри книги за деца и млади за сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“ -2019
Трето место за најдобра книга за деца за „Мистериозниот остров“ 2022
Прво место за најдобра книга за деца и трето место за најкреативно издание за
„Седумте Некоиси и седумте македонски композитори“ 2023
Од 2023-та година станува член на советот на Европскиот филмски колеџ во Данска.
Наум Наумовски – Борче, 50 / 3 – 12
1000 Скопје, Македонија
frp@frp.mk
+389(0)70388928
Изграден со грижа од heyWebTeam