Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the updraftplus domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/ckkfdrsh/public_html/wp-includes/functions.php on line 6114
Образование – Forum for Reasonable Policies

Образование

Образование

Програма за општество / демократија

Програма за општество / демократија

Култура

Култура

Образование

За една земја, да се има одличен систем на образование не е прашање на избор, туку прашање на опстанок. Глобалните случувања, како што се четвртата индустриска револуција, вештачката интелигенција и фасцинантниот развој на телекомуникациите го дефинираат контекстот и параметрите околу кои треба да се дизајнираат клучните столбови на образовниот систем на Република Македонија.

Чекор понатаму, глобализацијата во рамки на светската економија ги сруши границите на пазарот на работна сила на којшто сега веќе секој се натпреварува со секого. Високо квалитетното образование создава високо квалитетен и конкурентен човечки капитал, којшто е предуслов за долгорочно одржлив економски развој на земјата. Во услови на регистриран „одлив на мозоци“, прашањето дополнително добива на ургентност и значење. Имајќи го сето ова предвид, за Форумот за разумни политики воспоставувањето и одржувањето на висококвалитетен систем на образование е врвен приоритет. Процесот на образование го карактеризира тоа што има бројни заинтересирани страни (stakeholders). Нашата визија за висококвалитетно образование во своето јадро го има ученикот / студентот. Тие се центарот околу којшто треба да гравитираат останатите.

Времето на учениците и студентите поминато во образовниот процес, доколку тој е со субоптимален квалитет, не може да се надомести, а последицата од таа загуба е што потенцијално цели генерации на ученици и студенти завршуваат на животната патека на ниска конкурентност на пазарот на работна сила, висока неизвесност околу наоѓање работа, нископлатени работни места и конечно, скуден животен стандард. Тоа е превисока цена што едно општество не смее да си ја дозволи. Оттука, сите останати заинтересирани страни во образовниот процес треба „да му служат“ на најважниот субјект, ученикот / студентот. Затоа, пристапот на Форум за разумни политики се фокусира на знаењето, а не на парчето хартија наречено диплома, односно се фокусира на суштината, а не на формата.

Нашата визија се базира на сознанието дека се потребни коренити и темелни реформи на сите сегменти на образовниот систем. На пример, најлесно е да го зацементирате такво какво што е или да го укинете екстерното тестирање, многу потешко е да го реформирате и оптимизирате. Или, да го сообразите средното образование со потребите на бизнис секторот. Конечно, високото образование во Република Македонија стана пример кадешто зголемената понуда на високообразовни институции ги разводни високите стандарди што треба стриктно да се почитуваат и за кои ние се залагаме. За предизвиците на секој од овие сегменти на образовниот систем Форум за разумни политика дизајнира сеопфатни и одржливи решенија.

Ние сме свесни дека процесите во образовниот систем се долготрајни и даваат резултати на долг рок. Тоа дополнително ја потенцира потребата од широк општествен консензус за дизајнирање и прифаќање на стратегија којашто нема да биде инхибирана од било какви краткорочни, првенствени политички, движења во општеството. За таа цел, во склад со сопствените стратешки принципи, Форум за разумни политики ги вклучува сите кадровски потенцијали од земјата и странство со кои ја споделуваме визијата за постигнување и одржување на висококвалитетен образовен систем.