Во понеделник, 23 септември 2024 година, се одржа тркалезна маса во Europe House во Скопје, на која се собраа претставници од јавните институции, бизнис секторот и креатори на политики. Настанот имаше за цел да мобилизира мрежа на засегнати страни за заедничко следење на реформите поврзани со Кластер 3, кој се фокусира на вмрежување на образованието, науката, иновациите и економскиот развој.
Учесниците се вклучија во отворен и продуктивен дијалог, споделувајќи искуства во образовната политика и конкретни и остварливи предлози. Експертизата на присутните, вклучително и поранешни едукатори и креатори на политики, обезбеди уникатни перспективи кои ја збогатија дискусијата.
Резултатите од тркалезната маса ќе послужат како основа за креирање на Мрежата.