„Како интелигентно да НЕ се согласиме?“ Можеме ли да се разбереме а да не се согласиме меѓусебно? Каква е динамиката на јавниот простор и како да се подобри „хигиената“ во јавниот дискурс?
На вториот модул од Академијата за пратеници (февруари, 2025-та во Гевгелиј), со пратениците свои искуства споделија Ане Лашкоска, поранешна пратеничка и актуелна заменик министерка, заедно со Митре Велјаноски, поранешен пратеник, и граѓанскиот активист Бесим Небиу.
Една од најкорисната сесија за пратениците беше со Томе Гушев од Парламентарниот институт кој ги воведе учесниците во тајните на собраниските коридори.
Медиумските експерти Демуш Бајрами, Светлана Сиљјаноска и Александар Димитриевски ги разоткрија механизмите зад функционирањето на медиумите и како пратениците треба да се позиционираат vis-à-vis новинарите. За оваа динамична релација говореа и новинарите – Фатљуме Дервиши, Адријана Алексиеска и Гаврил Сирачевски, споделувајќи искуства од првиот фронт на известувањето во Парламентот. Дополнително пратениците имаа можност во сесијата In the box да разговараат на само со секој новинар поединечно за прашањата кои не би сакале да ги постават јавно.
Модулот заврши со сесијата на експертката за дигитална комуникација Марија Липтова „The Matrix: преживување во дигиталната сфера“ која ги воведе пратениците во тоа како функционираат алгоритмите на социјалните мрежи? Кои канали најчесто се користат во земјата? Дигитален дијалог и како да опстои (онлајн критика). Етичка рамка во дигиталните комуникации. Практични дигитални алатки и како да се коритат.
Академијата за пратеници е дел од проектот „Доба на подобри политичари“