Цветанка Михајловска работи како проектен координатор во Форум за разумни политики. Има дипломирано на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за педагогија, и има долгогодишно искуство во управување со проекти претежно наменети за развој и зајакнување на институциите на локалната администрација, поттикнување на младинскиот активизам, животна средина и поддршка на реформите во насока на членство во ЕУ, специјализирана во обезбедување на административна и програмска поддршка на проектите, вклучувајќи мониторинг и известување, организација на настани, анализа на податоци, истражување, комуникација и логистичка поддршка. Има посетувано бројни обуки, работилници, курсеви поврзани со зајакнување на капацитетите на администрацијата за добро управување, воведување на родова компонента во градење на политиките, градење на капацитетите на општините, транспарентност и отчетност во јавните набавки, итн. Во фокусот на нејзиот интерес се теми поврзани со одржливиот развој на заедниците, заштита на животната средина и социјална инклузија.