Какво значење и влијание имала музиката во минатото?
Како може да се користи уметноста генерално за да се искаже став кон одредени општествени настани и состојби?
Како преку музичка едукација полесно да го разбереме значењето на политичкиот ангажман?
Како преку различни уметнички изрази може да се биде граѓански активен и да се покаже став кон одредени политички случувања?
За концептот
Три дена, тимови од четворица средношколци ќе поминат низ процес на учење за влијанието на уметноста преку пет музички правци и движења: рок и хипи движење, панк, рап и хип хоп, гранџ; електронска музика.
Во просторот ќе бидат распоредени четири различни станици во кои 40 средношколци од 10 различни училишта од Македонија, паралено ќе работат и истражуваат со своите ментори. Практичните и теоретските знаења и вештини од секоја станица ќе се преточат во финални дела кои ќе бидат јавно изложени во Бруталиск на 2-ри јуни, 2024- та година (недела)
Станица: Музика
Ментор: Мартина Баракоска
Станица: Активизам преку облека
Ментор: Горан Костовски-Индог
Станица: Мултимедија
Ментор: Антонио Аранѓеловиќ (Тонио Сан)
Станица: Графити
Ментор: Теодор Петровски
Воведен контекст за темите кои ќе се опфатат ќе дадат Емилија Ристановска од Центарот за едукација и уметност – Хана и Гордан Георгиев од Форум за разумни политики преку две предавања.