Доба на подобри политичари

Форум за разумни политики го реализира проектот Доба на подобри политичари финансиран од Владата на Обединето Кралство, со цел зајакнување на политичкиот процес во Северна Македонија преку градење на демократските капацитети на политичките партии и платформи за дијалог.

Активности

  1. Локалното е витално. Специјализирана програма за поддршка на општинските партиски организации

Форум за разумни политики ќе обезбеди поддршка на членовите на локалните партиски ограноци за да  развијат процедури за подобра транспарентност, и внатрешна и надворешна комуникација и етички стандарди. Ќе се зајакнат капацитетите на локалните партиски раководства за подобра комуникација со своето членство, медиумите, граѓаните и останатите локални чинители.

Реализација: октомври-декември 2024 година

  • Академија за пратеници

Преку три модули кои опфаќаат обуки, едукативни тренинзи и менторство, интензивно ќе се работи со пратениците со помало пратеничко искуство или активност. Целта е да се подобри нивното  познавање на парламентарните правила и  процедури и да се стимулира парламентарната дискусија заснована на политики и демократски стандарди. Селекцијата на пратениците  е според критериуми кои опфаќаат етничка, родова, возрасна и партиска припадност. 

Реализација: октомври 2024 година – март 2025 година

  • Разумни разговори – дебати на високо ниво

Предвидени се три дебати на високо ниво по Chatham House правила, на теми  важни за долгорочните перспективи на државата но и на актуелни прашања. Дебатите ќе имаат за цел да ја поттикнат културата на поголема соработка помеѓу политичарите од различни партиски определби, а притоа да отворат теми и дилеми кои се од значење за иднината на државата, меѓуетничките односи и потребата за поефективно креирање на политики и демократско владеење. Тие ќе бидат фацилитирани од експерти од Обединетото Кралство и имаат за цел да ги вклучат носителите на одлуки во политичките партии.

Реализација: октомври 2024 – март 2025 година

Споделете ја оваа објава:

Неодамнешни проекти и активности

За Академијата за јавни политики Академијата за јавни политики (АЈП) е наменета за претставници на подмладокот на политичките партии во Северна Македонија со цел да...
Продолжувајќи ја успешната мината и сегашната работа со политичките партии во земјата и во регионот на Западен Балкан, со посебен акцент на младите политичари, Форум...
Какво значење и влијание имала музиката во минатото? Како може да се користи уметноста генерално за да се искаже став кон одредени општествени настани и...
Во согласност со претходните активности спроведени од Вестминстер Фондацијата за демократија (WFD), кои вклучуваа развој на сеопфатен индекс за мерење на перформансите на политичките партии...
Под медијаторство и иницијатива на Форумот за разумни политики во рамките на Меѓународниот фестивал на кинематографери Браќа Манаки, потпишан е меморандум за соработка помеѓу седум...
Академијата за јавни политики (АЈП) е наменета за младите членови на политичките партии во Северна Македонија со цел да ги едуцира и развие идните политички...