Презентиран извештајот за изборна етика: „Водич за доблесните политичари 2.0“

Во присуство на претставници од академската, медиумската и граѓанската заедница (листа на учесници) се презентираше извештајот за изборната етика „Водич за доблесни политичари 2.0“ изработен за време на претседателските и парламентарните избори 2024, од тимот и експертите на Форум за разумни политики: Гордан Георгиев, Ибрахим Мехмети, Александар Спасеновски и Јасмина Трајкоска-Наумоска.

„Учесниците изнесоа различни размислувања и ставови, но речиси заеднички беше заклучокот дека во однос на изборната кампања, земјава евидентира напредок. Направен е исчекор во однос на препукувањата и личните напади, имавме добри избори во рамки на балканските стандарди, немаше инциденти и најверојатно ќе имаме, како што беше речено, мирен трансфер на власта. Како демократија која се уште не матурирала, премногу бараме од политичарите и јавноста да се однесуваат како да сме Холандија, беше речено на денешната дебата по повод Извештајот за изборната етика што го изготви Форумот за разумни политики. Учесниците изнесоа различни размислувања и ставови, но речиси заеднички беше заклучокот дека во однос на изборната кампања, земјава евидентира напредок. Направен е исчекор во однос на препукувањата и личните напади, имавме добри избори во рамки на балканските стандарди, немаше инциденти и најверојатно ќе имаме, како што беше речено, мирен трансфер на власта.“ – извадок од текстот на Мирјана Чакарова, МИА.

„Дистинкцијата меѓу политиката и етиката кај нас е комплетно избледена. Етиката во изборниот процес е нешто што лебди, што постои околу нас и е дел од нашата политичка култура и некогаш не можеме да ја препознаеме зашто се работи за тешко мерливи работи.” – Гордан Георгиев, Форум за разумни политики.

Тимот на Форум за разумни политики се заблагодарува на сите учесници и медиуми кои ја препознаа важноста за оваа тема, особено во критични периоди како што се изборите.

 

Фотографии од настанот

Споделете ја оваа објава:

Неодамнешни објави

Новости

Академија за пратеници „Мајсторијата на искажаниот збор“ (Модул III)

Третиот модул од Академијата за пратеници, одржан во април 2025 година во Охрид, беше посветен на ефикасната комуникација на пратениците со граѓаните, особено во политички

Прочитај повеќе