Академија за јавни политики

За Академијата за јавни политики

Академијата за јавни политики (АЈП) е наменета за претставници на подмладокот на политичките партии во Северна Македонија со цел да ги едуцира и развие идните политички и општествени лидери, опремени со општи и специфични вредности и знаења за политичките процеси во земјата.

Целта на АЈП е да ги поттикне и едуцира членовите на партиските подмладоци да придонесат за подобро изразување на нивните идеи и концепти за подобро општество и плурален демократски јавен простор. Академијата исто така има за цел да ги подучи и подготви учесниците за изборите и за целиот изборен процес. Учесниците ќе научат како се креираат јавните политики, на каков начин влијаат, и како да се применува пристап заснован на докази во креирањето на јавните политики.

Академијата за јавни политики е дел од проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ поддржан од Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) и нејзиниот партнер Форум за разумни политики.

Академијата ги содржи следните компоненти:

Четири сеопфатни тридневни работилници;
Менторство и обука за подготовка на краток документ за јавни политики;
Ангажман во локалните заедници и/или со засегнатите страни за релевантни прашања преку тематски дебати и дискусии;
Студиска посета во регионот или во земја од Европската Унија (предуслов за учество на последната студиска посета во странство е завршување на сите активности на Академијата, вклучително и работилниците).
Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат апликацијата на следниот линк најдоцна до 5 септември 2022 година (затворен повик)

Повеќе информации за академијата и критериумите за учество ќе најдете овде.


Модул 1: Основи, 18 – 20 октомври 2024 година (Леуново)

Вечерна сесија: „Член/ка сум на подмладок на политичка партија и подготвен/а сум да разговарам, да размислувам и да создавам политика“  со Ненад Марковиќ, универзитетски професор, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Правен факултет

Под ѕвездите: разговори покрај огнот со актерката Изабела Јакимова

Будилник: Дали сте добар слушател? вежби за концентрација, фокус и внимание со Изабела Јакимова

„Зошто политичките партии се необични општествени организми?“ (Теорија и пракса) – со Енвер Абдулахи, универзитетски професор, Универзитет „Мајка Тереза“ – Правен факултет и Гордан Георгиев, Форум за разумни политики 

Girls are back in town -дискусии за екологија со Маја Марковска, Милиеуконтакт Македонија, Мерита Максути, Еко-Герила, Тетово, Елисавета Лукановска, Сојуз на извидници на Македонија

Чувари на демократијата: изборен интегритет и учество на младите на изборите предавање на Tatyana Hilscher-Bogussevich, независен консултант во областа на демократските избори, граѓанското учество и човековите права

Филмска проекција „Налепница“- Анализа на (не)функционалноста на општеството и бирократските стапици преку уметноста (филм) Георги М. Унковски, режисер

Јавни политики: суштинска алатка за политичките партии (практики и научени лекции) со Астрит Реџепи

Ангажирање на заедницата (идеи, алатки, методи) со Афердита Хаџијаха-Имери, Меѓународна фондација за изборни системи (ИФЕС), Билјана Јанева, Охрид Институт

Развивање на потенцијални решенија за локални проблеми со Астрит Реџепи

1730984058823


Модул 2: Поврзувања: Политичките партии во заедниците (13-15 декември 2024, Штип)

Вечерна сесија: „Политичките идеологии како основа за креирање на јавни политики, вредности и принципи“ со Александар Спасеновски, универзитетски професор, Правен факултет, „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Ризван Сулејмани, универзитетски професор, поранешен пратеник и министер за локална самоуправа и Санела Шкријељ, поранешна пратеничка и заменик министерка за труд и социјална политика

Гласна сесија: „Како да слушаме музика: Политика и музика“ со Емилија Ристановска, музиколог

„Политичките партии како лаборатории за идеи” предавач Деспот Ковачевиќ, универзитетски професор, Факултет за политички науки, Белград

Дефинирање на проблемите во локалната заедница со менторите Билјана Јанева, Охрид Институт и Астрит Реџепи

Другата страна на паричката: Граѓански иницијативи, застапување преку уметност, стратегии за застапување во заедниците со Метин Муареми, Центар за образование и развој, Теарце и Горан Костовски-Индог, слободен уметник, диџеј и активист

(Не)научени лекции со алумнистите на Академијата а јавни политики: Вјолца Муртези (III генерација), Тијана Тесалоника Шишковска (II генерација), Синан Вејселовски (II генерација) и Ангела Аврамовска (III Генерација)

Александар Спасеновски

Модул 3: Медиуми & комуникации за време на локални избори (21-23 февруари, Тетово)

Follow up: Спроведување на иновативни иницијативи со Билјана Јанева од Охрид Институт и сесија за развој на документи за политики со Астрит Реџепи

Пред, за време и по локалните избори – етика и етичко однесување на политичарите и новинарите во текот на целиот изборен циклус со Боби Христов – Телма ТВ, Назим Рашиди – Алсат ТВ и Душица Мрѓа – 24 ТВ

Акција! Вежби пред камера и дигитални медиуми-вежби пред камера. Како да ги контролирате движењата на вашето тело. Снимање со мобилен телефон за социјалните мрежи. Како ефикасно да се користат социјалните/дигиталните медиуми. Што треба и што не треба да се прави со Изабела Јакимова

Специфики на локалното новинарство– иновативни иницијативи преку локалните медиуми, како ефикасно да соработувате со локалните медиуми. Локалните медиуми и локалните избори со Башким Сулејмани, дописник за Алсат-М ТВ, Тетово, Стево Башуровски, ТВ Тера, Битола и Адријана Митевска Момироска, дописничка за ТВ 24, Охрид

Нов глобален политички поредок?!? со Методи Хаџи – Јанев, експерт за безбедност

Споделете ја оваа објава:

Неодамнешни проекти и активности

Форум за разумни политики го реализира проектот Доба на подобри политичари финансиран од Владата на Обединето Кралство, со цел зајакнување на политичкиот процес во Северна...
Продолжувајќи ја успешната мината и сегашната работа со политичките партии во земјата и во регионот на Западен Балкан, со посебен акцент на младите политичари, Форум...
Какво значење и влијание имала музиката во минатото? Како може да се користи уметноста генерално за да се искаже став кон одредени општествени настани и...
Во согласност со претходните активности спроведени од Вестминстер Фондацијата за демократија (WFD), кои вклучуваа развој на сеопфатен индекс за мерење на перформансите на политичките партии...
Под медијаторство и иницијатива на Форумот за разумни политики во рамките на Меѓународниот фестивал на кинематографери Браќа Манаки, потпишан е меморандум за соработка помеѓу седум...
Академијата за јавни политики (АЈП) е наменета за младите членови на политичките партии во Северна Македонија со цел да ги едуцира и развие идните политички...