Враќање во иднината

Какво значење и влијание имала музиката во минатото?

Како може да се користи уметноста генерално за да се искаже став кон одредени општествени настани и состојби?  

Како преку музичка едукација полесно да го разбереме значењето на политичкиот ангажман?

Како преку различни уметнички изрази може да се биде граѓански активен и да се покаже став кон одредени политички случувања?

За концептот

Три дена, тимови од четворица средношколци ќе поминат низ процес на учење за влијанието на уметноста преку пет музички правци и движења: рок и хипи движење, панк, рап и хип хоп, гранџ; електронска музика.

Во просторот ќе бидат распоредени четири различни станици во кои 40 средношколци од 10 различни училишта од Македонија, паралено ќе работат и истражуваат со своите ментори.  Практичните и теоретските знаења и вештини од секоја станица ќе се преточат во финални дела кои ќе бидат јавно изложени во Бруталиск на 2-ри јуни, 2024- та година (недела)

Станица: Музика

Ментор: Мартина Баракоска

Станица: Активизам преку облека

Ментор: Горан Костовски-Индог

Станица: Мултимедија

Ментор: Антонио Аранѓеловиќ (Тонио Сан)

Станица: Графити

Ментор: Теодор Петровски

Воведен контекст за темите кои ќе се опфатат ќе дадат Емилија Ристановска од Центарот за едукација и уметност – Хана и Гордан Георгиев од Форум за разумни политики преку две  предавања.

Споделете ја оваа објава:

Неодамнешни проекти и активности

Форум за разумни политики го реализира проектот Доба на подобри политичари финансиран од Владата на Обединето Кралство, со цел зајакнување на политичкиот процес во Северна...
За Академијата за јавни политики Академијата за јавни политики (АЈП) е наменета за претставници на подмладокот на политичките партии во Северна Македонија со цел да...
Продолжувајќи ја успешната мината и сегашната работа со политичките партии во земјата и во регионот на Западен Балкан, со посебен акцент на младите политичари, Форум...
Во согласност со претходните активности спроведени од Вестминстер Фондацијата за демократија (WFD), кои вклучуваа развој на сеопфатен индекс за мерење на перформансите на политичките партии...
Под медијаторство и иницијатива на Форумот за разумни политики во рамките на Меѓународниот фестивал на кинематографери Браќа Манаки, потпишан е меморандум за соработка помеѓу седум...
Академијата за јавни политики (АЈП) е наменета за младите членови на политичките партии во Северна Македонија со цел да ги едуцира и развие идните политички...