Имплементација на принципите на добро управување во проекти на јавно-приватно партнерство (GO PPP)

Форум за разумни политики е вклучен во спроведување на регионалниот проект „Имплементација на принципите на добро управување во проекти на јавно-приватно партнерство (GO PPP)“ во соработка со партнерите од регионот: Институт за територијален економски развој InTER (Србија) – кои се носители на проектот, Институт за претприемништво и економски развој (IPER) од Црна Гора, Албанскиот центар за економски истражувања (APER) од Албанија. Општата цел е на овој проект е промоција на принципите на добро управување во проектите на јавно-приватно партнерство (ЈПП) во земјите од Западен Балкан (конкретно: Србија, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија). Специфичната цел е унапредување на партиципативниот пристап во ЈПП проекти преку зголемување на свеста на јавноста за важноста од активно учество во насока на транспарентност, одговорност, ефикасност и одржливост на развојните иницијативи. Исто така, проектот ќе придонесе за воспоставување на соработка меѓу организации на граѓанското општество низ регионот на Западен Балкан. На регионално ниво, проектот ja воспостави Регионалната иницијатива за ЈПП, која ги обедини клучните носители на одлуки од четирите земји од Западен Балкан кои се дел од проектот. На локално ниво, проектот иницира локални форуми за ЈПП во четири пилот општини, обединувајќи претставници од граѓанското општество, јавниот и приватниот сектор и локалната власт. Проектот е поддржан со грант од регионалниот проект „SMART Balkans – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“, кој го спроведуваат Центарот за промоција на граѓанското општество (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (CRPM) и Институтот за демократија и посредување (IDM), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Норвешка (NMFA). Во рамки на проектот беше спроведена анализа и објавена е студијата „Јавно – приватно партнерство во Северна Македонија“ која има за цел да даде сеопфатен преглед на законодавната и институционалната рамка за развој на ЈПП во Северна Македонија и да обезбеди преглед на структурата за управување, законодавната и институционалната рамка, како и да ги истакне предизвиците и приоритетите за ефективна и ефикасна употреба на ЈПП за подобрување на инфраструктурата и обезбедувањето јавни услуги. Покрај студијата, изработен е и документ за јавни политики – Унапредување на јавно-приватните пратнерства во Северна Македонија.



На 27 Мај 2025 година во Подгорица се одржа регионална конференција во рамките проектот „Имплементирање на принципите на добро управување со проекти за јавно приватно партнерство (GO PPP)“ каде меѓудругото беа презентирани наодите во спроведената студија за ЈПП во Северна Македонија од страна на Васко Карангелески, експерт за ЈПП, автор на студијата и документот за јавни политики. На конференцијата учествуваше и делегација составена од претставници на Министерството за локална самоуправа и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Споделете ја оваа објава:

Неодамнешни проекти и активности

Форум за разумни политики го реализира проектот Доба на подобри политичари финансиран од Владата на Обединето Кралство, со цел зајакнување на политичкиот процес во Северна...
За Академијата за јавни политики Академијата за јавни политики (АЈП) е наменета за претставници на подмладокот на политичките партии во Северна Македонија со цел да...
Продолжувајќи ја успешната мината и сегашната работа со политичките партии во земјата и во регионот на Западен Балкан, со посебен акцент на младите политичари, Форум...
Какво значење и влијание имала музиката во минатото? Како може да се користи уметноста генерално за да се искаже став кон одредени општествени настани и...
Во согласност со претходните активности спроведени од Вестминстер Фондацијата за демократија (WFD), кои вклучуваа развој на сеопфатен индекс за мерење на перформансите на политичките партии...
Под медијаторство и иницијатива на Форумот за разумни политики во рамките на Меѓународниот фестивал на кинематографери Браќа Манаки, потпишан е меморандум за соработка помеѓу седум...